ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ 2 ВО БИТОЛА

07.03.2015 23:44
10

za tekst

Во продолжението на сезоната во македонската Суперлига, Металург 2 загуби во Битола од екипата на Пелистер, со резултат 14:21 (8:6).

Металург 2 сезоната ја продолжува со комплетно променет состав, откако поголемиот дел од неговите ракометари сега настапуваат за првиот тим на Металург. Во Металург 2 се префрлени дел од играчите на нашиот кадетски тим, без никакво суперлигашко искуство.

И покрај тоа, првото полувреме го одигравме маестрално. Во 25-тата минута водевме со резултат 8:2, а потоа му дозволивме на противникот да се врати во игра, со серија од 4:0. На одмор заминавме со предност од два гола.

Во второто полувреме се повреди Андреј Маркудов, еден од нашите најискусни ракометари во овој наш состав. Екипата остана само со 12-ет ракометари, кои за жал не се снајдоа и му дозволија на противникот да им ја наметни својата игра, што во конечниот исход резултираше со убедлив пораз.

Пелистер – Металург 2  21:14 (6:8)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бешлиевски, Крстановски, Гошевски, Гроздановски, Пешевски, Петревски, Маркудов, Бошковски 2, Ставридис 1, Давитковски 5 и Палевски 6.

Прочитано 1.620 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1