ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ 2 ВО СТРУМИЦА

26.10.2014 12:31
_DSC0077_resize

za tekst

Екипата на Металург 2 го забележа својот втор пораз во тековното натпреварување во машката Суперлига. Загубивме на гостувањето во Струмица, од тимот на Зомимак, со резултат 31:23 (17:8).

Нашиот тим замина во Струмица со само 12 ракометари, без повредените Крстевски, Давитковски, Матијашиќ и Бешлиевски. За жал, одигравме лошо прво полувреме, кое го загубивме со високи 17:8. Бројните технички грешки, лошата реализација и присутната нервоза беа причини за негативата од дури девет гола.

Во второто полувреме заигравме многу подобро и овој сегмент од играта го добивме со резултат 15:14, недоволни за целосен пресврт на средбата.

Зомимак М – Металург 2  31:23 (17:8)

Металург 2: Даниловски, Блажевски, Бошковски 1, Борј.Маџовски 2, Костески 2, Манасков 7, Велковски 1, Маркудов 2, Палевски 3, Бој.Маџовски 5, Гроздановски и Ставридис.

Прочитано 989 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 7 =