ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО БИТОЛА

19.10.2013 23:09
rakomet_1

za tekst

Денеска Металург Јуниор високо загуби на гостувањето кај екипата на Пелистер 08. Поразени сме со резултат 30:20 (14:9).

Лош резултат на нашите млади ракометари, кои во текот на целиот натпревар беа во подредена положба. При крајот на првото полувреме Јуниор се доближи на растојание од два гола од резултатот на Пелистер, но, сепак, овој дел заврши со противничка предност од 5 гола, 14:9.

Во вториот дел видовме слична игра, а домаќинот успеа да ја зголеми својата предност на цели 10 гола, 30:20.

Според нашиот стручен штаб пресудна за поразот беше лошата реализација на нашите стрелци, особено од крилните позиции, чија реализација беше 4/15.

Најдобар поединец во редовите на Јуниор беше Манасков, кој постигна 10 гола.

Пелистер 08 – Металург Јуниор  30:20 (14:9)

Металург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Блажевски, Пешевски 2, Маџовски 1, Костески 1, Манасков 10, Талески 3, Матијашиќ 1, Палевски 2, И.Крстевски, Г.Крстевски, Маркудов, Бешлиевски, Ставридис и Давитковски.        Седмерци:  6/9.      Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.553 пати

(3) Коментари

  1. sto e rabotata so nelovski pozdrav

    • Се рехабилитира по операцијата на рамо.

  2. Nesto ne mi e jasno igraa Metalur Junior so Pelister ili Pelister so Vardar . Sto e rabotava nemavte slika od Junior so Pelister pa ja stavivte ovaa ?

Напишете коментар


5 + = 11