ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО БИТОЛА

08.05.2013 19:46
DSC_0188_resize

za tekst

Ракометарите на Металург Јуниор се поразени на гостувањето во Битола. Ова е прв пораз на Јуниор во плејаут-натпреварувањето. Резултатот од средбата е 36:32 (18:12). Поради повреди на клучни ракометари Металург Јуниор  во Битола отпатува осетно ослабен. Настапивме без Нелоски, Г.Крстевски, Кимевски, Пешевски, Манасков и Костески, кој, иако е наведен во составот, не беше во состојба да помогне.

Средбата е загубена веќе во првото полувреме, кое е завршено со предност на битолчаните од 6 гола, 18:12. Иако во вториот дел одигравме многу подобро, успеавме само да ја намалиме противничката предност.

Битола – Металург Јуниор 36:32 (18:12)

Металург Јуниор: Ивановски, Даниловски, Бошковски 3, Гинов 4, И.Крстевски 2, Давитковски 3, Велковски 1, Маркудов 2, Палевски 6, Талески 3, Бој.Маџовски 2, Матијашевиќ 1, Стојановски 2, Борј.Маџовски 3 и Костески.

Прочитано 891 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 7