Пораз на Металург на гостувањето кај Тулуз

20.10.2020 21:18
Ekyq2dpX0AErSVo_resize

Металург го загуби првиот натпревар во Лига Европа. На гостувањето во Франција, поразени сме од екипата на Тулуз, со резултат 33:29 (18:15).

Домашната екипа во најголем дел од средбата имаше резултатска предност, најмногу со пет голови разлика, но и Металург имаше свои шанси и во неколку наврати имаше можност комплетно да ја анулира позитивата на противникот.

Првата половина на првото полувреме мина во целосно рамноправна игра, кога двете екипи наизменично постигнуваа голови. Кризата во нашите редови дојде при резултат 7:6 за противникот, кога дури 7 минути бевме без постигнат гол. Искусниот француски тим ја искористи својата шанса и поведе со убедливи пет голови разлика, 11:6, кои на крајот и ја решија средбата. До крајот на првото полувреме го намаливме заостанувањето и на одмор заминавме при резултат 18:15.

Во второто полувреме во неколку наврати дојдовме на негатива од само два гола, а имавме и три можности да стигнеме до минимални -1, но сите три шанси останаа нереализирани.

Металург на оваа средба имаше солиден напад, но и многу порозна одбрана, која не успеа да ги спречи лесните голови на Тулуз. Особено немавме решение за играта на корпулентниот пикер на Тулуз, Јакобсен, кој оствари идеален скор од 9 голови од исто толку обиди. Ако на ова се додаде и двоцифрениот број на изгубени топки и на технички грешки, поразот не можеше да се избегне.

Шанса за поправен испит ќе имаме веќе во следниот вторник, кога во Скопје ќе гостува полската екипа Висла Плоцк, во рамките на второто коло.

.

Тулуз – Металург  33:29 (18:15)

Тулуз: Летенс (15 одбрани), Оливеира де Алмеида, Судри, Илиќ 2, Жилберт 4, Соколиќ, Борзаш, Јакобсен 9, Леванту, Шеле 4, Кемпф, Трибилон 3, Бен Халима 7, Абди 3, Мармиер 1 и Бертини.    Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 12 минути.    Црвен картон: Лука Соколиќ во 16 минута.

Металург: Дупјачанец (9 одбрани), Ѓорѓески, Хорват 1, Маркоски, Рниќ 7, Тарабокија 5, Потиќ, Поповиќ 9, Канкараш 2, Лазаревски 1, Шилегов 1, Мариќ 2, Младеновиќ, Додиќ 1 и Кондев.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Пирву Михаи и Потирниш Раду од Романија.

Делегат: Дибеду Жан-Филип од Франција.

Прочитано 223 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =