Пораз на Металург на последниот натпревар во Франција

24.01.2019 19:36
50503859_448054185730286_1568329620489502720_n_resize

Екипата на Металург го доживеа третиот пораз во петтиот натпревар од подготовките во Франција. Екипата на Сен Рафаел се покажа како „негостољубив“ домаќин и славеше со резултат 35:31 (16:15).

Натпреварот беше изедначен во првото полувреме, но во второто домашните брзо, во привите три минути, остварија водство што беше недостижно за ракометарите од Автокоманда. Иако двете екипи водеа изедначена борба до самиот крај на натпреварот, екипата на Сен Рафел оствари победа.

Најефикасни кај Металург беа Александар Шпенде со 8, Миличевиќ со 7 и Токиќ со 5 голови.

Очигледен беше недостигот на тројцата репрезентативци Танковски, Серафимов и Лазаревски, но и на повредените Димитриоски и Велковски, со што не можеше да се добие реална слика за квалитетите на Металург.

Во секој случај, оваа турнеја беше многу корисна за нашиот клуб, бидејќи вкупно беа остварени две победи и освоен беше турнирот во Гренобл, а на останатите три средби доживеани се порази.

Марјан Велевски

Металург утре лета за Истанбул, па веќе утревечер ќе биде во Скопје.

Фото:

Прочитано 228 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 2