ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ВО БРЕСТ

03.02.2013 16:02
metalurg2011_resize_resize

Металург го доживеа својот прв пораз во 2013 година. Загубивме на гостувањето кај екипата на Брест Мешков, со резултат 26:28 (14:15).

Денешната средба со силната екипа на Брест Мешков беше значајна како за нашето место на врвот на првенствената таблица, така и за процена на нашите моментални можности пред важниот натпревар против екипата на Горење, во осмото коло на Лигата на шампионите. Беше важно и да се види во каква состојба се нашите репрезентативци по напорното СП 2013 во Шпанија.

Натпреварот го започнавме добро. Со двата гола на Козлина и со еден на Ракчевиќ, Металург поведе со 3:0. Својот прв гол домашниот состав го постигна дури во шестата минута. Сепак, постепено Брест Мешков успеа да фати приклучок и во 17. минута првпат го израмни резултатот, 8:8, а во продолжението, со головите на Вукиќ и на Шумак, и премина во водство, 10:8. Од 20. до 24. минута Металург направи серија од 4:0 и повторно го презеде водството, 11:13. Полувремето заврши со минимална предност на домашниот тим, 15:14.

 Единствен, со полн ефект беше Дејан Манасков, кој во првиот дел постигна три гола од три обиди. Одличен беше Ракчевиќ со 4 реализации, како и Вугринец и Козлина, со по три.

Во второто полувреме, најпрво, израмниме преку Манасков, а потоа и поведовме, со голот на Вугринец, 15:16. Нашето последно водство го имавме во 36. минута, 16:17, а потоа контролата врз резултатот ја презеде домашната екипа.

Од 48. до 51. минута примивме дури четири невозвратени гола, за високо водство на Брест, 25:20. Миркуловски не врати во игра со своите два гола, во 52. и 53. минута, но тоа не беше доволно за успех на денешната средба. Натпреварот заврши со пораз на Металург.

516_resizeБрест Мешков – Металург:  28:26 (15:14)metalzurglogo200x200_resize_resize

Брест Мешков: Чарапенка (16 одбрани), Божиќ, Шумак 5/7, Атајевас 2/4, Маркотиќ 5/6, Кнудсен 4/11, Новицкис, Пракапења 3/7, Књазев, Вукиќ 6/7, Баранов 3/6, Гросас, Костадиновиќ, Карачиќ, Татарин и Валјанцев      Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 2 минути.

Металург: Станиќ (10 одбрани), Митревски, Ракчевиќ 6/7, Левов 3/3, Димовски, Вугринец 4/7, Георгиевски 0/3, Козлина 3/4, Манасков 6/9, Миркуловски 2/4, Маркоски 1/1, Додер, Н.Мојсовски 1/5, Алушовски, Јоновски и Мандиќ.      Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.958 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 1 =