Пораз на младинците на Металург во последниот натпревар од групната фаза

17.03.2019 15:25
_DSC0001_resize

Младинците на Металург го завршија настапот на младинското првенство на Македонија, група 1. Во натпревар од последното коло, во Автокоманда загубивме од екипата на Јуниор Кисела Вода, со резултат 32:36 (15:16).

Ова беше натпревар без никакво натпреварувачко значење, бидејќи двете екипи од поодамна ги загубија шансите за пласман на младинскиот фајнал-фор, па денеска се играше повеќе егзибиционен натпревар во кој се постигнати вкупно 68 голови.

Инаку, средбата беше рамноправна во текот на првите 45 минути, иако нашиот противник подолго имаше водство. Првата половина на првото полувреме им припадна на гостинските ракометари, кои во тој период стекна и максимална предност од три гола, 3:6 и 4:7. Подоцна Металург ги консолидира своите редови и направи комплетен резултатски пресврт. И нашиот тим во овој период стекна максимална предност од три гола, 12:9, а испушти и две шанси за повисоко водство. За жал, во завршницата на првото полувреме влеговме во период на грешки и слаба реализација, па противникот тоа го искористи за да си го врати водството. На одмор екипите заминаа при резултат 15:16 за екипата на Јуниор.

Рамноправна беше средбата и во првата половина на вториот дел, а потоа гостите успеаа резултатски да се одвојат и да го решат овој натпревар.

.

РК Металург – РК Јуниор Кисела Вода  32:36 (15:16)

РК Металург: Стојчевски, Петковски 4, Фидановски 6, Крстев1, Стојановски, Миндишев 1, Стојчески, Петровски 5, Јорданов 2, Василев, Митковски, Брестовац 1, Мелоски 6, Николов 2, Стојковиќ 2 и Андревски 2.    Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 2 минути.

РК Јуниор Кисела Вода: Богдановски, Биковски 3, Гичев 6, Крстевски 8, Чапов, Јаховиќ 4, Трајковски 1, Тодоров 4, Трајчевски 3, Атанасовски, Блажески 4, Николовски 1, Василевски, Прозановски 1 и Проданов 1.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Огњановски Марко и Савиќ Дамјан од Скопје.

Делегат: Белимов Ерик од Скопје.

Прочитано 218 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 3