Порази на екипите на Металург на првиот ден од турнирот во Сараево

30.08.2019 18:54
DAR_1346_resize

Пионерите и кадетите на Металург од денеска се дел од меѓународниот турнир “Повеќе од игра“, што се игра во Сараево.

Денеска нашите екипи ги одиграа своите први натпревари, кои за жал ги загубија.

Пионерите на Металург се убедливо поразени од хрватската екипа Замет, со резултат 20:11 (11:6). Нашите пионери беа во ситуација да одиграат натпревар само неколку часа по пристигнувањето во Сараево, по 11-часовен пат од Скопје. Дополнително, тренерот Алексо Лембанов на овој турнир допатува без петорица првотимци, меѓу другото и без сите три пикери. Екипата на Замет беше подобра во текот на целиот натпревар и заслужено ги освои бодовите од оваа средба. Најдобри стрелци кај пионерите на Металург беа Томислав Димковски и Андреј Стојановски, кои средбата ја завршија со по три постигнати гола. Петар Талевски одбрани пет удари.

Утре нашите пионери ќе одиграат две средби, против Селекцијата на градот Сараево (9.00 часот) и против екипата на Какањ (13.00 часот).

——————————————-

За разлика од пионерите, нашите кадети одиграа квалитетен натпревар со екипата на Добова од Словенија, кој го загубија во самиот финиш, со резултат 20:21 (11:9). Металург беше подобар во текот на целата средба и водеше се до пет минути до крајот, но не издржа и минимално ја загуби средбата. За жал, пресвртот на овој натпревар се случи токму во моментот кога го стекнавме највисокото водство, 13:9. Имавме и напад за +5, но не го реализиравме, а потоа се тргна надоле. На оваа средба имаше дури 14 израмнувања на резултатот. Најдобри стрелци кај Металург беа Теодор Тодевски и Филип Николов, кој погодија по четири пати. Давид Брестовац запиша 7 одбрани.

Утре нашите кадети ќе одиграат две средби, со екипата на Замет (12.00 часот) и со екипата на Борац (15.10 часот).

Прочитано 456 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 4