Португалецот Улисис Рибеиро е нов ракометар на Металург

21.07.2021 11:06
ulisses-ribeiro01_resize

Металург продолжува со екипирањето на својот состав. Денеска, свој потпис на договорот со нашиот клуб стави португалското лево крило, Улисис Рибеиро.

Рибеиро (30 г, 181 см, 76 кг) е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот со Металург замина во романското првенство.

Матичниот клуб на нашиот нов ракометар е Сао Бернардо од каде потоа замина во Мадеира и таму остана се до минатата сезона кога се пресели во екипата на Хари Ап од холандското првенство. Проблемите со Ковид-пандемијата беа причина што Рибеиро минатата сезона одигра само 13 средби на кои постигна 33 гола.

Рибеиро, покрај својата левокрилна позиција, одлично се снаоѓа и на позиција среден бек, а со Металург потпиша договор на две години.

Улисис Рибеиро е шестото засилување на Металург за новата сезона, по браќата-бекови Њокас, пикерот Костадин Петров,  средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

.

Прочитано 411 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 1