Повеќе ракометари и повеќе одмор за репрезентациите на следното СП

12.07.2019 14:24
reprezentacija-1

Состанокот на ИХФ во Гетеборг донесе неколку нови измени во правилата. кои ќе почнат да важат од 1 јануари 2020 година.

Прва измена е во бројот на пријавените ракометари во ростерот за еден натпревар. Место досегашните 16, отсега репрезентациите ќе можат да пријавуваат по 18 играчи. Следна измена е во бројот на пријавените ракометари во поширокиот список пред првенството, па место 28 отсега ќе можат да се пријавуваат по 35 ракометари. Исто така, овој поширок список ќе треба да се објавува на два месеци пред натпреварувањето, место досегашниот еден месец. Во текот на првенството, репрезентациите ќе можат да направат вкупно пет измени во својот состав, место досегашните три.

Посебно внимание отсега ќе се посветува на одморот за селекциите во текот на првенството. Повеќе нема да смеат да се играат два натпревари за два дена, туку после секоја средба мора да има ден за одмор. Ако во тој ден одреден за одмор некоја селекција ќе мора да се сели од еден во друг град, и тоа трае повеќе од четири часа, тогаш ќе мора да и се обезбеди дополнителен ден за одмор.

Првото СП кое ќе се игра според овие нови правила е СП 2021 во Египет.

Прочитано 142 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =