Повратниците Пецаковски и Чантурија ќе внесат стабилност во младиот тим на Металург

29.07.2019 23:35
DAR_9370_resize1

Двајца ракометари, Дејан Пецаковски и Реваз Чантурија, се повратници во Металург и тие, заедно со Даниел Дупјачанец, се најискусниот дел на нашиот тим, кој треба да му донесе стабилност на младиот Металург.

Дејан Пецаковски по четврти пат го облака дресот на Металург:

Екипата е составена од млади и здрави момци и според првите впечатоци мислам дека ќе имаме добра сезона. Си ги поставуваме целите за новата сезона и како еден од поискусните играчи во тимот ќе се обидам да им пренесам на помладите од моето знаење и да им дадам што е можно поголема поддршка. Цел ни е да завршиме на прво место во првата фаза од првенството и, нормално, во плејофот да се бориме за што повисоко место. Знаеме кои ни се најголемите ривали, Вардар, кој е европски шампион, и Еурофарм Работник, кој од сезона во сезона влегува во ритам и прави сè поголеми успеси. Ако совладаме било која од тие две екипи, ние сме направиле огромен успех“.

Реваз Чантурија, пак, во Автокоманда се враќа по девет години:

Мило ми е што по девет години повторно се враќам во Металург. Ова е млада екипа, но е доста силна. Со исклучок на мене, Пецаковски, Дупјачанец и Поповиќ, сите се под 23 години, па ќе се обидеме да им го споделиме нашето искуство. Ќе се обидеме да влеземе во групите во ЕХФ-Купот, а потоа во плејофот од македонското првенство ќе се бориме за што повисок пламсан“.

Прочитано 333 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2