Повторно е одложен натпреварот Бутел – Металург

26.11.2020 16:35
DAR_0315_resize

Коронавирусот одново е причина за одложувањето на дуелот меѓу Бутел и Металург, кој претходно веќе двапати бил одлаган.

Овој пат проблем има екипата на Бутел, кај која на последното тестирање е дијагностициран вирусот кај неколку ракометари.

Оваа средба е од седмото коло и со нејзиното одигрување требаше да се комплетира првата половина од основниот дел на првенството.

Новата дата за одигрување на овој натпревар ќе биде дополнително утврдена.

Прочитано 94 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 6