Топ Вести

ПОВТОРНО СМЕ НАЈДОБРИ, ПОВТОРНО СМЕ ШАМПИОНИ

26.05.2014 03:57
EMI_0246_resize

za tekst

По една година пауза повторно сме најдобри, ја вративме шампионската титула во “Автокоманда“, а пехарот на тоа исто место каде што бевме навикнати да го гледаме во текот на последните неколку години. Вицешампионскиот наслов го заменивме со оној со поголема тежина, со шампионскиот, на кој исто така бевме навикнати…

Прекрасната сезона ја завршивме во ракометна Битола, во меч со Пелистер. Во само 60 минути ги решивме сите дилеми, кој ќе биде прв во државата, кој ќе настапи во Лигата на шампионите, решивме се кон што се стремевме во текот на целата сезона.

Затоа овој натпревар го игравме со посебна одговорност, можеби и помалку нервозни поради неговото огромно значење. И затоа ни требаа добри дваесетина минути пред да го решиме победникот на средбата, а го решивме уште по првото полувреме, кое заврши со резултат 15:10 за нашиот тим. Вториот дел резултатски не промени ништо. На моменти Пелистер успеваше да ја намали нашата предност, но имавме и ние период кога водевме и со седум гола разлика, 20:13 и 21:14. Се на се, средбата заврши според сите очекувања, а ние ја освоивме својата шеста титула, со што се израмнивме со бројот на трофеите на Пелистер.

Победата е колективна и секој има свој дел од успехот, но сепак треба да спомнеме дека Ренато Вугринец беше стрелец на 11 гола, и дека нашите голмани одбранија дури 4 седмерци, Станиќ 3, а Митревски 1. Вкупно, голманите имаа 14 успешни интервенции.

РК Пелистер – РК Металург  20:25 (10:15)

РК Пелистер: Куинагва, Талевски, Јанев, Дрогришки 3, Блажески 4, Димитровски 2, Јуравлиов, Илиевски, Вешоски 2, Филиќ, Ѓоргиевски 3, Кузмановски 2, Вакарук, Чурлевски 1, Божиновски и Бесараб 3.    Седмерци: 2/6.      Исклучувања: 2 минути.

РК Металург: Станиќ, Митревски, Ојлески, Димовски 3, Вугринец 11, Георгиевски 1, Манасков 4, Миркуловски, В.Маркоски, Н.Маркоски, Мојсоски, Атман 4, Циндриќ 2, Кеџо, Јоновски и Борозан.       Седмерци: 6/7.      Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 2.613 пати

(3) Коментари

  1. najvaznata titula e kaj nas METALURG E SAMPIOOON

  2. Bravo momci, sekoja cest, odlicna sezona so mnogu ubavi momenti za pametenje, za zal i so edna losa rabota, onaa na Naumce, no znaejki go nego za slednata sezona ke se vrati uste posilen, i fizicki i psihicki. So nekolku mali no neophodni promeni na igracki plan, ocekuvame i slednata sezona da bide vo najmala raka ista, a zasto da ne i uste podobra, vie go mozete toa. Ne naviknavte na uspesi , nie veruvame vo vas i beskrajno ke ve sledime i bodrime i ponatamu. Pozdrav i se gledame utre na proslavata.

  3. Ve sakam Metalug,
    Napravivte cela godina da ni bide ubavo,samo taka da prodolzite

Напишете коментар


− 3 = 3