Познат е составот со кој Македонија ќе настапи на СП во Египет

13.01.2021 11:03
mak-chile1-3-of-5

По вчерашната убава вест за учеството на Македонија на СП во Египет, селекторот Данило Брестовац го одреди и составот со кој нашата репрезентација денеска ќе замине за Каиро.

Во овој состав ќе го видиме и нашиот Мартин Серафимов, кој на десната бековска позиција ќе биде дел од триото Кире Лазаров – Мартин Серафимов – Мартин Велковски.

Данило Брестовац на СП ќе ги води следните ракометари:

Голмани: Никола Митревски (Порто), Мартин Томовски (Лудвигсхафен) и Никола Даниловски (Охрид).

Леви крила: Димитар Димитроски (Вардар) и Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2).

Десни крила: Мартин Поповски (Амичитија) и Ненад Костески (Еурофарм Пелистер).

Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Марко Мишевски (Вардар), Дарко Георгиевски (Анжер) и Михајло Младеновиќ.

Средни бекови: Филип Кузмановски (Хановер), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер) и Горан Крстевски (Фочани).

Десни бекови: Кирил Лазаров (Нант), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер) и Мартин Серафимов (Металург).

Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер) и Жарко Пешевски (Штутгарт).

Првиот натпревар на нашата репрезентација на програмата е веќе утре, а наш прв противник е шестата селекција од минатото СП – Шведска.

Прочитано 688 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 10