Позната е сатницата на турнирот „Струга 2016“

08.08.2016 16:00
DSC_0901_resize

На десетина дена до стартот на 44-тиот интернационален ракометен турнир „Струга 2016“ познати се термините за одигрување на сите натпревари.

Традиционално, овие ракометни натпревари ќе се играат на спортскиот терен на „Женската плажа“ во Струга, а свечено отворање ќе започне на 17.08.2016 во 19:30.

Оваа година на турнирот ќе учествуваат шест екипи: Алингсас (Шведска), Шартр (Франција), Стеауа (Романија), Ал Шабаб (ОАЕ), Африкан (Тунис) и Металург.

Според официјалната програма, во среда ќе биде првиот натпреварувачки ден, а дуелите тој ден се закажани за 20:15 и 21:45 часот. Во останатите натпреварувачки денови дуелите ќе започнуваат од 19:30 и 20:45. На финалниот ден (недела 20.08), натпреварите за пласман започнуваат од 18:00, а финалето ќе во 21:15.

17.08.2016

19:30 Церемонија на свеченото отворање

20:15 Алингсас – Шартр

21:45 Металург – Стеауа

18.08.2016

19:00 Шартр – Африкан Клуб

20:45 Металург – Ал Шабаб

19.08.2016

19:00 Стеауа – Ал Шабаб

20:45 Алингсас – Африкан Клуб

20.08.2016

18:00 Натпревар за 5-та позиција

19:45 Натпревар за 3-та позција

21:45 Финале

Прочитано 823 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 9 =