ПОЗНАТИ СЕ ДВОЈКИТЕ ВО ФАЈНАЛ-ФОРОТ НА СЕХА-ЛИГАТА. МЕТАЛУРГ И ВАРДАР ПРО ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО.

24.03.2013 03:13
io-seha-mash-1316551760_resize

По поразот на екипата на Загреб од тимот на Брест Мешков, во СЕХА-лига се е познато. Првото место го освои екипата на Брест Мешков, а четвртото тимот на Загреб. Овие две екипи ќе ја сочинуваат првата полуфинална двојка. Претстојната средбата меѓу екипите на Металург и на Вардар ПРО (27 март) веќе нема никакво значење, бидејки, без разлика на исходот од овој натпревар, овие два тима ја сочинуваат втората полуфинална двојка. Теоретски екипата на Татран Прешов може да го достигне бодовното салдо на Загреб, но во меѓусебните средби поуспешна е екипата на Загреб, која во Загреб победи (30:28), а во Прешов одигра нерешено (26:26).

Фајнал-форот се игра во Скопје на 12 април (полуфинале) и на 14 април (трето место, финале).

Прочитано 1.451 пати

(3) Коментари

  1. Pustete gi povtorno mladincite protiv vardar,ne vredi da se rizikuva so od vcera izmorenite prvotimci,i onaka ke gi otvorime vardar vo polu-finale sega za 3 dena natprevarot ne e vazen.

    • Се согласувам со предлогот на Металург фан. Ако младинците предводени од тренерот Јовиќ прикажаа зрела игра против Загреб, зошто да не им се даде шанса и против Вардар, а првотимците мирно и одморени да се подготват за наредните решавачки средби: четвртфинале на ЛШ и фајнал-фор во СЕХА.

  2. Ke se pustaat vleznici za natprevarot pomegu Metalurg i Vardar i koga?

Напишете коментар


5 − = 1