Познати се екипите што обезбедија настап на фајналфорот од регионот Скопје

05.05.2019 14:05
_DSC0112_resize

По завршувањето на натпреварите од последното коло, станаа познати екипите што ќе настапат на фајналфорот во мини-лигата на Металург од регионот Скопје за сезона 2018/19.

.

Во генерација 2004/5 во машка конкуренција на фајналфорот ќе настапат екипите на Тиквеш и на РК Металург. Во оваа конкуренција две екипи го делат второто и третото место – РК Металург и ПГО. На фајналфорот се пласира РК Металург, поради подобриот меѓусебен скор. Имено, овие две екипи одиграа две меѓусебни средби во кои ПГО славеше со гол разлика, ама, пак, РК Металург реваншот го доби со три голови разлика.

Во генерација 2006/7 во машка конкуренција на фајналфорот ќе настапат екипите на Ре Медика и на Репро 21.

Во генерација 2006/7 во женска конкуренција на фајналфорот ќе настапат екипите на Нова Македонија и на Синалко.

Во генерација 2008 и помали во машка конкуренција пламан на фајналфорот обезбедија само победниците на групите 1 и 2. Овде се водеше жестока борба до последниот натпревар и во двете групи по две екипи го завршија натпреварувањето на чело на табелата и со ист број на бодови. Во групата 1, екипите на Тиквеш 1 и на Факом го делат првото место, со по 13 бодови. Бидејќи и нивниот меѓусебен натпревар заврши со нерешен резултат, решавачка беше вкупната гол-разлика. Тиквеш 1 заврши со позитивна разлика од 48 гола, а Факом со 44 гола, па затоа на фајналфор оди екипата на Тиквеш 1. Во групата 2, екипите на Бетон и на Тиквеш 2 завршија на делба на првото место, со по 15 освоени бодови. Меѓутоа, меѓусебниот дуел го доби екипата на Бетон и затоа таа оди на завршницата на мини-лигата на Металург.

Во генерација 2008 и помали во женска конкуренција пласман на фајналфорот обезбедија екипите на Хандбал Старс и на Колибри.

Останува во следниот викенд да ги добиеме и учесниците на фајналфорот од регионот Исток. Завршницата на мини-лигата најверојатно ќе се одигра во првиот викенд од месец јуни, секако во Автокоманда.

Прочитано 309 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 3