Познати се клубовите што побараа вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите

13.06.2019 19:21
sala 9publika_resize

ЕХФ ги објави имињата на клубовите што побараа вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите.

Конкуренцијата е силна:

Металург – Македонија
Еурофарм Работник – Македонија
ГОГ – Данска
Бидасоа – Шпанија
Монпелје – Франција
Нант – Франција
Шамбери – Франција
Кил – Германија
Магдебург – Германија
ПИК Сегед – Унгарија
Еш – Луксембург
Арендал – Норвешка
Висла Плоцк – Полска
Спортинг Лисабон – Португалија
Кристијанштад – Шведска

Овие екипи треба да ги исполнуваат следните осум критериуми:

1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија

Како сигурни за настап во групната фаза се сметаат 20 екипи, кои се шампиони на своите земји, иако постоеле примери кога на некои не им бил дозволен настап:

Мешков Брест  (Белорусија)
ППД Загреб  (Хрватска)
Алборг  (Данска)
Барселона  (Шпанија)
Кокс  (Финска)
ПСЖ  (Франција)
Фленсбург  (Германија)
Веспрем  (Унгарија)
Селфос  (Исланд)
Вардар  (Македонија)
Елверум  (Норвешка)
Киелце  (Полска)
Порто  (Португалија)
Динамо Букурешт  (Романија)
Чеховски Медведи  (Русија)
Цеље ПЛ  (Словенија)
Кадетен Шафхаузен  (Швајцарија)
Татран Прешов  (Словачка)
Савехоф  (Шведска)
Бешикташ  (Турција)
Мотор Запорожје  (Украина)

Конечниот список од 28 екипи што ќе настапат во Лигата на шампионите ќе  се знае на 21 јуни, по состанокот на Извршниот Комитет.

Прочитано 417 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 5