Познати се полуфиналните двојки на фајналфор-турнирот во СЕХА-лигата

14.03.2018 22:42
2624_1458219194

По одигрувањето на претпоследното коло во СЕХА-лигата, станаа познати полуфиналните двојки на фајналфор-турнирот, што од 13 до 15 април ќе се игра во салата “Јане Сандански“ во Скопје.

Според пласманот 1-4 и 2-3, во полуфиналето ќе играат:

Вардар – Мешков Брест

Цеље ПЛ – ППД Загреб

.

Инаку, во СЕХА-лигата е јасен и конечниот пласман на скоро сите екипи. Екипата на Горење Велење е дефинитивно петта, Татран Прешов е шести, а Металург седми. Војводина е дефинитивно последна, додека за осмото и за деветото место ќе решава директната пресметка меѓу екипите на Нексе и на Динамо Панчево во последното коло.

 

 

Прочитано 470 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4