Познати се полуфиналните двојки на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн

10.11.2020 14:41
61873537-rukomet-rukometna-liga-prvaka-ehf_resize

Се одржа ждрепката за полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн.

Минатата сезона беше прекината поради епидемијата на коронавирусот и, со одлука на ЕХФ, пласман во Келн обезбедија најдобрите четири екипи од групната фаза.

Полуфиналните двојки се:

Кил – Веспрем

Барселона – ПСЖ

Полуфиналните средби ќе се играат на 28 декември, додека средбата за третото место и големото финале на програмата се на 29 декември. Сите средби ќе се играат во “Ланксес Арената“.

Се уште актуелен шампион во Лигата на шампионите е македонскиот првак Вардар.

 

Прочитано 110 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 8