Познати се полуфиналните двојки во Лигата на шампионите

07.05.2019 14:26
10380249_10152342524813666_6031230007550099723_o

Денеска, точно на пладне, во Келн се извлечени полуфиналните двојки во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Вардар во полуфинале ќе се сретне со најсилниот можен противник – екипата на Барселона. Во второто полуфинале ќе играат Веспрем и Киелце. Двата дуели имаат своја симболика. Вардар во 2017 година токму против Барселона во полуфинале тргна кон освојувањето на европската титула. Тогаш, со голот на Циндриќ, Вардар ја елиминира Барселона (26:25), а потоа во финалето го совлада и тимот на ПСЖ (24:23). Полуфиналната, пак, средба меѓу Веспрем и Киелце е реприза на финалето во  2016 година, кога Веспрем во последните 11 минути испушти огромна предност од 9 голови и загуби со резултат 38:39.

.

1. јуни:

Барселона – Вардар

Веспрем – Киелце

2. јуни:

Меч за третото место

Финале

Прочитано 269 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 3 =