Познати се полуфиналните двојки во Лигата на шампионите и во ЕХФ-купот

02.05.2018 11:40
zdrepka_ehf_resize_resize

Заврши ждрепката за полуфиналните двојки во Лигата на шампионите. Вардар во одбраната на титулата ќе тргне од мечот со Монпелје.

Вардар – Монпелје

Нант – ПСЖ

.

Фајналфорот на Лигата на шампионите ќе се одигра на 26 и 27 мај  во „Ланксес Арената“ во Келн. На 26 мај на програмата се двата полуфинални натпревари,  а на 27 мај се средбата за 3.место и големото финале.

.

Во фајналфорот на ЕХФ Купот се пласираа три германски и еден француски тим. Денешната ждрепка ги одреди полуфиналните двојки за Ф4 турнирот што ќе се одржи во “ГЕТЕК Арената“ во Магдебург.

Магдебург – Ст.Рафаел

Гепинген – Фуксе Берлин

Полуфиланите натпревари ќе се играат на 19 мај, а мечот за 3.место и финалето на 20 мај.

Прочитано 431 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1