Топ Вести

Познати се противниците на Македонија на Медитеранските игри

11.05.2018 16:57
Tarag

Станаа познати противниците на машката и на женската ракометни репрезентации на Македонија на Медитеранските игри, што ќе се одржат во шпанскиот град Тарагона од 22 јуни до 1 јули 2018 година.

.

Машката ракометна репрезентација, која ќе биде дел од групата “Д“, за противници ги доби: Србија, Египет и Турција.

Женската, пак, репрезентација, која ќе се натпреварува во групата “Б“, за противници ќе ги има: Египет, Србија, Црна Гора и Турција.

.

Во претходниот настап на Медитеранските игри во Мерсин, пред пет години, машката репрезентација заврши на осмото место, додека женската беше деветта во конечниот пласман.

Прочитано 15 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 3