Познати се сите потенцијални противници на Металург во 3. коло на ЕХФ Купот

13.10.2019 21:53
640

Со реванш натпреварите од второто коло, одиграни вчера и денес, станаа познати сите потенцијални противници на Металург во третото коло на ЕХФ Купот. По елиминацијата на Пелистер и на Бутел, клубот од Автокоманда е единствениот македонски претставник во второто по квалитет европско натпреварување.

.

Противник на Металург ќе биде една од овие екипи:

Олимпијакос (Грција)

Аикс (Франција)

Талент Плзен (Чешка)

СКА Минск (Белорусија)

Малме (Шведска)

Алпла Хард (Австрија)

Адемар Леон (Шпанија)

Бенфика (Португалија)

Горење Велење (Словенија)

ЗТР Запорожје (Украина)

Азоти Пулави (Полска)

Чургои (Унгарија)

Горник Забрже (Полска)

Ахилес (Белгија)

Арендал Елите (Норвешка)

Винтертур (Швајцарија)

.

Конкретниот противник ќе го дознаеме во вторник, 15 октомври, за кога е закажана ждрепката. Третото коло е последно пред групната фаза во ЕХФ Купот.

Натпреварите од третото коло ќе се одиграат во термините 16/21 ноември.

Прочитано 386 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 13