Познати се сите учесници на групната фаза на Лига Европа

30.09.2020 12:38
120148020_5072175706129746_4966786035672236311_o_resize

По вчерашните реванш средби од второто квалификациско коло во Лига Европа, станаа познати сите учесници на групната фаза во ова европско клупско натпреварување.

Победници во квалификациите се екипите на: Металург, Нексе, Кристијанштад, ГОГ, Тримо Требиње, Р.Н.Левен, Монпелје, Спортинг Лисабон, Фуксе Берлин, Феникс Тулуз, Фиверс и ЦСКА.

Директен пласман во групната фаза имаат екипите на: Адемар Леон, Нимс, Магдебург, Татабања, Еурофарм Пелистер, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Татран Прешов, Алингсас и Бешикташ.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи утре во Виена, со почеток во 11 часот.

Прочитано 253 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 12