Познати се составите на Адемар Леон и на Металург за вечерашната средба во Лига Европа

17.11.2020 13:11
DAR_6601_resize

Тренерите на Адемар Леон и на Металург, Маноло Каденас и Оливер Димитриоски, ги објавија составите со кои ќе ја одиграат вечерашната средба од третото коло на групната фаза во Лига Европа.

Адемар Леон ќе настапи во следниот состав:  Славиќ, Гедбане, Перез, Пиечовски, Семедо, Киселев, Арце, Суарез Дијаз, Луцин, Каскеро, Гостовиќ, Мартинез, Лодос, Марчан, Донлин и Мартинез Гарсија.

Димитриоски, пак, на терен ќе ги има: Дупјачанец, Ѓорѓески, Хорват, Маркоски, Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Поповиќ, Канкараш, Лазаревски, Серафимов, Мариќ, Младеновиќ, Додиќ, Кофилоски и Петковски. На клупата на Металург ќе седат Оливер Димитриоски и Алексо Лембанов.

Средбата ќе се одигра во “Палатата на спортовите“ во Леон, со почеток во 20.45 часот. Овој натпревар ќе го судат Португалците Даниел Фреитас и Цесар Карваљо, а делегат ќе биде Антонио Гулао, исто така од Португалија.

Прочитано 475 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =