Познати се составите на Металург и на Чеховски Медведи за денешната средба

04.11.2018 11:03
AND_1674_resize_resize

Со почеток во 17 часот, во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“ денеска ќе се одигра средбата од шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и на Чеховски Медведи.

По утринскиот технички состав, станаа познати составите со кои тренерите Данило Брестовац и Владимир Максимов ќе го одиграат овој натпревар. Во составот на Металург ќе се појават и тројцата ракометари со кои нашиот тим се засили во паузата по петтото коло.

.

Металург: Томовски, Даниловски, Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски, Токиќ, Танкоски, Серафимов, Шпенде, Велковски, Рибеиро, Пучник, Миличевиќ, Маџовски, Стојановиќ и Арсеновски.

Чеховски Медведи: Санталов, Корнев, К.Котов, Андреев, Павленко, Куретков, Грушко, А.Котов, Осташченко, Карлов, Струшински, Василев, Фурцев, Маслеников, Каменев и Косоротов.

Судии на оваа средба се Андреј Грушко и Сергеј Репкин од Белорусија, додека делегат ќе биде Николае Визитиу од Молдавија.

Прочитано 526 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 6