Познати се составите на Металург и на Чеховски Медведи за денешната средба

20.02.2021 13:03
146997652_739366700044535_1291405492757987448_n_resize-610x219

Станаа познати составите со кои тренерите Оливер Димитриоски и Владимир Максимов ќе настапат на денешната средба.

Во составот на Металург се враќаат Златко Хорват, Марко Тарабокија и Мице Шилегов, но првите двајца само што се излезени од карантин, додека Шилегов е недоволно закрепнат по повредата, па затоа веројатно не ќе можат да го дадат својот максимум на оваа средба. Надвор од тимот и натаму се Лазаревски, Маркоски и Тодевски.

Екипите ќе настапат во следните состави:

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Брестовац, Петковски, Поповиќ, Кофилоски, Шилегов, Хорват, Калуѓеровиќ, Серафимов, Тарабокија, Митиќ, Рниќ и Додиќ.

Чеховски Медведи: Киселев, К.Котов, Андрееев, Павленко, Синицин, Грушко, А.Котов, Осташченко, Корнев, Фурцев, Стелмак, Ларин, Маслеников, Кулак и Косоротов.

Средбата ќе се одигра во Арената “Борис Трајковски“, со почеток во 18 часот.

Овој натпревар ќе го судат Бојан Лах и Давид Сок од Словенија, додека делегат ќе биде нашиот Камер Металари.

Прочитано 247 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 13