Познати се составите на Металург и на Татран за денешната средба

01.12.2018 12:22
MJI_2716_resize_resize

Вечерва, со почеток во 19.30 часот, во “Татран Хандбал Арената“ во Прешов, Металург ќе го одигра својот последен натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона. За Металург овој натпревар е можност да се претставиме во што подобро светло и да се обидеме да го направиме тоа што еднаш веќе ни успеа во СЕХА-лигата – да го совладаме Татран. За нашиот противник, пак, оваа средба е решавачка за продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите, иако неговото учество во плејофот зависи и од исходот на утрешната средба Силкеборг – Спортинг, на која Словаците ќе навиваат за победа на португалскиот шампион.

Не знам како ќе ја кренам екипата по натпреварот со Војводина, во кој играчите практично беа претепани. Имавме двајца ракометари со скршен нос, пукната аркада, а на лицето на Александар Шпенде има исеченица од 10 сантиметри. Во ваква ситуација многу ми е тешко да размислувам за денешниот меч со Татран во Лигата на шампионите. Се надевам дека играчите ќе успеат барем малку да се регенерираат и одморат и дека ќе најдат сила и мотив да одиграат добар натпревар во последниот меч од Лигата на шампионите сезонава“, вели Данило Брестовац.

Инаку, Данило Брестовац и Славко Голужа веќе ги објавија составите на своите екипи за денешната средба. По Мартин Велковски, Брестовац остана и без Томислав Јагуриновски, па на позиција десен бек ќе го има само младиот Мартин Серафимов.

.

Состави:

Татран Прешов: Гатине, Буторац, Чуприна, Цвитковиќ, Хрстка, Касал, Криж, Крок, Лапајне, Рабек, Рецикар, Сарпатаки, Страновски, Чарапкин, Урбан и Вучко.

Металург: Томовски, Даниловски, Арсеновски, Димитриоски, Лазатревски, Маџовски, Миличевиќ, Пучник, Рибеиро, Серафимов, Шилегов, Шпенде, Стојановиќ, Танкоски и Токиќ.

Судии: Константинос Кацикис и Михалис Михаилидис од Грција.

Делегат: Иван Долејс од Чешка.

Прочитано 224 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 9 = 0