ПОЗНАТИ СЕ СУДИИТЕ И ДЕЛЕГАТИТЕ КОИ ЌЕ ГИ СУДАТ НАШИТЕ МЕЧЕВИ ВО НОРВЕШКА

30.08.2012 17:24
CL_Velux_Logo_Horizontal_CMYK_p1_resize

ЕХФ ги објави имињата на судиите и делегатите кои ќе ги водат нашите натпревари на квалификацискиот турнир во Норвешка.

Така, полуфиналниот натпревар против австрискиот шампион Алпла Хард ќе го судат Унгарците Ференц Бониферт и Виктор Олах, додека делегати ќе бидат Петер Олсон од Шведска и Алгис Микуционис од Литванија.

Доколку се пласираме во финале, тој натпревар ќе го судат Израелците Шломо Кохен и Јорам Перец, додека делегати ќе бидат истите Олсон и Микуционис.

Прочитано 505 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 8 = 1