Познати се судиите и делегатите за двете средби на Металург со екипата на Криенс

19.09.2020 21:19
455165_resize

ЕХФ ги објави имињата на судиите и на делегатите за двете средби меѓу екипите на Металург и на Криенс, во рамките на второто квалификациско коло на Лига Европа.

Првиот натпревар, кој на 22 септември ќе се одигра во Скопје, ќе го судиат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, додека делегат ќе биде нашиот Камер Металари.

unnamed_resize

Средбата, пак, во Цирих, која ќе се одигра на 29 септември, ќе ја судат Србите Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ, а делегат ќе биде Австриецот Хелмут Виле.

Прочитано 222 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 7