Топ Вести

Познато е кои екипи од регионот Исток ќе патуваат на фајналфор во Скопје

13.05.2019 01:01
_DSC0112_resize

По завршувањето на натпреварите во регионот Исток, станаа познати и екипите што ќе настапат на фајналфорот во Скопје.

.

Во генерација машки 2004/5 на фајналфорот ќе настапат екипите на Младинец од Кочани и на Торо Спорт од Виница.

Во генерација машки 2006/7 на фајналфорот во Скопје ќе настапат екипите на Торо Спорт од Виница и на Младинец од Кочани. Двете екипи собраа по 12 бодови, но првопласирана е екипата на Торо Спорт, поради подобриот меѓусебен скор.

Во генерација женски 2006/7 на фајналфорот ќе настапат екипите на Астра Спорт од Крива Паланка и на Д.И.Малешевски од Берово.

Во генерација машки 2008 и помали на фајналфорот настап обезбедија екипите на Младинец од Кочани и на Крива Паланка 1 од Крива Паланка.

Во генерација женски 2008 и помали на фајналфорот во Скопје ќе настапат екипите на Крива Паланка 1 и на Крива Паланка 2, двете од Крива Паланка.

Прочитано 439 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 13