Познато е со кои ракометари Македонија ќе и се спротистави на Турција

10.06.2019 20:01
mkd-isl-banskoliev-4

Пред утрешното заминување за Турција, селекторот Данило Брестовац се определи со кои ракометари ќе му се спротистави на домаќинот.

Од списокот на кандидати за овој натпревар отпаднаа Мартин Манасков, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски и Мартин Серафимов, а поради повреда ќе го нема и искусниот Дејан Манасков.

Мечот против Турција нашата репрезентација ќе го одигра во следниот состав: Ристовски, Митревски, К.Лазаров, Маџовски, Димитриоски, Георгиевски, Костески, Стоилов, Пешевски, Н.Маркоски, В.Маркоски, Талески, Кузмановски, Танкоски, Јагуриновски и Кукоски.

Натпреварот со Турција ќе се одигра в среда во Ескишехир, со почеток 18 часот.

Прочитано 568 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 6