Предлог на клубовите: Суперлига од 16 екипи

05.05.2020 15:18
0000_a4765

Денеска, РФМ во соработка со клубовите расправаше за форматот на натпреварување за следните две сезони. Компромисниот предлог од оваа расправа ќе да оди на гласање пред УО на РФМ.

Сезона 2020-2021:

Во новото првенство во Суперлигата ќе има вкупно 16 екипи, но во првата фаза од првенството нема да играат двата клуба од СЕХА-лигата, Вардар и Еурофарм Пелистер. Во првата фаза ќе се натпреваруваат 14 екипи поделени на две групи од по седум екипи. Групите ќе бидат формирани со извлекување, полудиригирано и базирано на пласманот од прекинатата сезона.

Ќе се играат 12 кола, а потоа сехалигашите и првите три екипи од секоја група ќе одат во плејоф, додека другите четири во плејаут. Во плејофот и во плејаутот нема да се пренесуваат бодови, односно сите ќе стартуваат со нула бодови.

Победникот во плејаут ќе остане во Суперлигата и во следната сезона. Второпласираниот ќе игра бараж со првиот од Прва лига, во борба за опстанок.  Екипите од 3 до 8 места ќе испаднат во Прва лига.

Сезона 2021-2022:

Во сезона 2021/21, Суперлигата ќе има 10 екипи, а во системот на натпреварувањето ќе се вратат и сехалигашките екипи.

Ќе се одиграат 18 кола, по што првите шест ќе продолжат во плејоф, додека другите четири во плејаутот. Во плејофот првиот по регуларниот дел ќе пренесе 5 бода, вториот 4… Во плејаутот, седмиот ќе пренесе 3 бода, осмиот 2…

Првите два клуба во плејаутот ќе останат во Суперлига, третиот ќе игра бараж, а последниот директно ќе испадне.

Победникот од Прва лига ќе се пласира во Суперлигата, додека второпласирниот ќе игра бараж.

Прочитано 139 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =