- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 3 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 3 months
Преку пенал-рулетот, Металург 2 обезбеди финале во групата 1 од Купот на Македонија

Денеска се играа полуфиналните натпревари во осминафиналната фаза во Купот на Македонија.
Во групата 1, екипата на Металург 2 го совлада тимот на Македонија Ѓ.П. и обезбеди финале кое ќе се одигра утре во Автокоманда, со почеток во 12 часот.
Металург 2 победи со резултат 36:35 (26:26, 16:10), по изведување на две серии на седмерци, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со израмнети 26:26 (16:10).
Младите ракометари на Металург 2 денеска одиграа две сосема различни полувремиња. Во првото комплетно го надиграа поискусниот противник и на одмор заминаа со предност од цели шест гола, 16:10.
Во вториот дел дојде до опуштање во нашите редови, што за малку ќе не чинеше пораз. Правдата ја задоволи Стефан Додиќ, кој со шут од над девет метри го израмни резултатот на самиот крај на средбата.
Победникот беше решен по изведување на седмерци. Стрелците беа доста присебни, па мораа да се изведат дури две серии од по пет удари. За среќа, поприсебни беа нашите ракометари, кои ги реализираа сите десет удари, за разлика од противникот, кој погоди девет пати.
Денешниот натпревар е одличен пример дека ракометот се игра во сите 60 минути, а нашите млади ракометари ќе мораат да извлечат поука, особено пред продолжението на првенството во Првата лига.
.
Македонија Ѓ.П. – Металург 2 35:36 (26:26, 10:16)
Металург 2: Михајлов 3, Кондев 5, Кофиловски 3, Митиќ 1, Лембанов, Ристовски 3, Василевски, Л.Додиќ 1, Гогов, Младеновиќ 6, Тодевски, С.Додиќ 12, Гајиќ 2, Прцуловски и Мијатовиќ. Седмерци: 12/18. Исклучувања: 16 мин.