Преполовениот Металург беше блиску до реми

24.08.2019 21:03
68539739_501453657269448_2758238996902445056_n_resize

Вторпат за два дена, Металург загуби натпревар во кој повторно имаше удар за израмнување и повторно загуби со разлика од два гола. Денешната средба мина според истото сценарио од вчера. Во последните 30 секунди имавме напад за израмнување, овој пат од десната страна. Но, упативме избрзан удар од многу лоша позиција и без реализација. Противникот, пак, во последните неколку секунди постигна гол, за конечни 29:27 (14:15).

Металург на оваа средба настапи со преполовен состав. Игравме без првите голмани Дупјачанец (истегна лигамент) и Ѓорѓески (стомачен вирус), како и без Кондев (стомачен вирус) и повредените Танкоски и Чантурија. Нашиот гол го бранеше најмладиот – Пеџа Мијатовиќ, кој денеска имаше свој ден и забележа 9 одбрани.

Денеска игравме со екипата на Нексе, вицешампион на Хрватска и тим што пред неколку дена славеше против Пик Сегед. Иако многумина не прежалија уште пред средбата, Металург денеска одигра храбар натпревар и во текот на сите 60 минути беше целосно рамноправен, а на моменти и подобар.

Веќе во 8. минута имавме забележителна предност, 2:5, која за жал не ја сочувавме и му дозволивме на противникот да дојде до своето прво водство во 16. минута, 8:7. Нексе успеа да реализира неколку голови во серија и во 21. минута поведе со 11:8. Тоа како да ги налути ракометарите на Металург, кои не само што израмнија во 28. минута, 12:12, туку во последната минута преминаа и во водство, па првото полувреме го добивме со 14:15.

Лошо го почнавме вториот дел. Две одбрани на противничкиот голман и три технички грешки, доведоа до противничка серија од од 7:2, за највисоко водство на Нексе, 21:17 во 37. минута. Но, Металург не се предаде, ги консолидира своите редови и во следните три минути направи серија од 4:0, за израмнети 21:21. Од тој момент, па се до крајот на средбата се водеше борба за секој метар и секој гол. Металург го имаше натпреварот во 50. минута, кога поведе со резултат 23:25, но брзоплето ја загуби предноста и влезе во неизвесна завршница која му припадна на тимот на Нексе.

Најпрецизен во нашите редови беше Мице Шилегов, со постигнати 8 гола.

Утре Металург ќе го одигра својот последен натпревар на овој турнир. Повторно ќе игра со преполовен состав и повторно само со Мијатовиќ на голот. Ќе играме против Партизан, во натпревар кој ќе почне во 15 часот.

Прочитано 331 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 8