ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА – ЧЕРВАР: ВЕСПРЕМ ДЕНЕСКА БЕШЕ ПОДОБРИОТ ТИМ

20.09.2014 21:02

za tekst

По натпреварот Веспрем – Металург се одржа редовната прес-конференција.

Лино Червар: “Пред се и честитам на екипата на Веспрем на добриот резултат, кој кажува се. Тие беа подобри во текот на целата средба, во одбраната и во нападот. Денеска имавме многу проблеми со нивната одбрана 6-0, поради што лошо изгледавме во нападот. Нашите млади ракометари подобро одиграа во второто полувреме, но тоа не беше доволно за ублажување на поразот“.

Филип Талески: “И честитам на екипата на Веспрем. Сметам дека тие имаат потенцијал да стигнат до фајнал-фор турнирот. Денеска беа пресилни за нас. Ќе треба многу да работиме за да го достигнеме нивното ниво“.

Антонио Карлос Ортега: “Одигравме добро во одбраната и постигнавме многу лесни голови. Металург настапи без неколку свои битни ракометари и знам дека во Скопје ќе биде многу потешко. Сега можеме да се сконцентрираме на нашиот настап во Лигата на шампионите“.

Гаспер Маргуц: “Денеска одбраната беше подобриот дел од нашата игра. Многу сум задоволен што одигравме на толку високо ниво. Сега со поголем оптимизам ќе го чекаме почетокот на Лигата на шампионите“.

Прочитано 2.156 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 2