Топ Вести

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – БРЕСТ МЕШКОВ

16.03.2015 01:55

za tekst

По средбата Металург – Брест Мешков се одржа редовната прес-конференција:

Жељко Бабиќ:Ние веќе го имавме осигурано третото место во СЕХА-лигата, така што овој натпревар не значеше ништо во натпреварувачка смисла. Токму затоа им благодарам на моите играчи за добриот ангажман, силната мотивираност и за одличната физичка подготвеност. Се надевам дека оптимално ќе го дочекаме фајналсикс-турнирот на ова натпреварување“.

Љубо Вукиќ:Ние сме подобра екипа од Металург во овој момент и тоа беше јасно од самиот почеток. Меѓутоа, пред некој ден, во првиот меч во Брест се покажа дека не можеме да ги победиме без целосен ангажман. Сега дадовме повеќе и успеавме да триумфираме. Се надевам дека Металург што поскоро ќе се извлече од кризата во која што се наоѓа. Честитки до екипата на Брест, на која и посакувам да стигне што подалеку во Веспрем“.

Лино Червар:Денеска ние игравме, хендикепирани какви што сме, без Талески, без Нелоски и без Стојановиќ. Но, и покрај тоа ние работиме и се подготвуваме за почетокот на плеј-офот на првенството, кое стартува наредниот месец. Се надевам дека ќе се средиме и ќе извлечеме се што се може до крајот на сезоната“.

Борјан Маџовски:Мислам дека денеска го одигравме најслабиот меч откако го формиравме овој нов тим, игравме со многу технички грешки. Мешков тоа го искористи и заслужено не совлада. Му посакувам на Мешков успех во Веспрем“.

Фото: Филип Вирановски, “24Ракомет“:

Прочитано 1.677 пати

(1) Коментар

  1. NISTO STRASNO
    Odime ponatamu da se spemime za domasna liga i da go preslusame toj Zonimak sto se zamesuva tolku
    i tie sto izbegaa jakite bivsi igraci
    napred Metalurg

Напишете коментар


9 + = 12