ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО НАТПРЕВАРОТ МЕТАЛУРГ – НЕКСЕ

02.02.2015 00:40

za tekst

По натпреварот Металург – Нексе се одржа редовната прес-конференција.

Лино Червар:Ние игравме со една подмладена екипа и им честитам на моите ракометари за играта. Сакаа да играат. Имавме и грешки, треба да се работи, имаме многу уште работа. Ќе ни треба трпение и работа, за да создадеме една екипа, која може да игра како што секогаш сакаме да играме. Имавме и добри моменти, победивме со одбраната. Секогаш може подобро“.

Борјан Маџовски:Денеска одигравме добар натпревар. Ги слушавме советите на тренерот, игравме дисциплинирано. Имавме грешки во нападот и во одбраната, што е нормално. Но, се боревме во текот на целиот меч“.

Зденко Корди:Му честитам на Металург за победата. До денеска слушав приказни со кој состав ќе игра Металург и како тоа ќе изгледа. Слушавме дека ќе игра овој, оној нема да игра. Тоа им го зборував на играчите, дека без разлика кој ќе игра тоа е екипа која има свој тренер, начин на играње и дисциплина. Тоа остави трага на нашата игра, но не го намалува успехот. Ние бевме нервозни. Кога игравме колективно и организирано тоа личеше на она што јас го сакам“.

Перица Лелиќ:На моменти игравме добро, особено во одбрана. Примивме малку голови, но имавме проблеми во нападот. Имавме технички грешки, а Металург заслужено победи, откако ги искористи нашите грешки“.

Прочитано 5.644 пати

(3) Коментари

  1. Sekoja cest prekrasen natpevar samo napred

  2. Bravo za decata. Izginaa na terenot, ama se pokazaa vo vistinsko svetlo i ne izraduvaa.

    Neka se sramat onie sto probaa da go rasturat Metalurg.

    Se vide koj e vistinski sportist. Maleckiot Naumce ili golemite deca.

  3. AJDE KONECNO DA SE ZABORAVAT LOSITE MOMENTI
    I KOJ SAKA DA IGRA NEKA IGRA KOJ NEKE NEMORA

Напишете коментар


6 − = 1