Топ Вести

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО СРЕДБАТА БОРАЦ Б.Л. – МЕТАЛУРГ

07.03.2015 00:16

za tekst

По натпреварот Борац Б.Л. – Металург се одржа редовната прес-конференција.

Игор Раџеновиќ: “Ги искористивме неискуството и невоиграноста на Металург. Добро одигравме во одбраната, особено во второто полувреме, кога го натеравме противникот да шутира од неизградени позиции. Имавме помош од нашите голмани, имавме контри и полуконтри. Малку проблеми имавме кога противникот заигра одбрана 5-1, но и тоа го пребродивме“.

Милан Џукиќ: “ Бевме благи фаворити и го оправдавме тоа. Најважно е дека освоивме три бода и дека никој не се повреди. Им посакувам среќа на ракометарите на Металург, а ние продолжуваме со нашите задачи“.

Лино Червар: “И честитам на екипата на Борац на заслужената победа. Борац се подига и тоа е добро за ракометот, бидејќи Бања Лука е ракометен храм. Борац има доста талентирани ракометари, како Јанковиќ и Вујовиќ, кои можат израснат во одлични играчи. Што се однесува на натпреварот, после пораз тренерот никогаш не може да биде задоволен, но, кога се работи за нас, кои ја изгубивме целата постава, можам да бидам дури и задоволен, бидејќи полека ги решаваме проблемите. Сепак, засега се гледа дека немаме доволно искуство, особено во борба против искусни ракометари каков што е Николиќ, кој доживува нова младост“.

Ѓорѓе Голубовиќ: “Ова беше мојот прв натпревар во Борик и драго ми е што видов дека има доста гледачи. Натпреварот беше добар. Имаме млада екипа, која допрва треба да тренира и да ги поправа грешките. И на оваа средба имавме добри моменти и верувам дека можеме да бидеме уште подобри. Го имаме уште натпреварот со Брест Мешков, а потоа ќе се сконцентрираме на македонското првенство“.

Прочитано 943 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 10