Топ Вести

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО СРЕДБАТА СО ЗАГРЕБ

24.02.2015 23:59

za tekst

По натпреварот Металург – ППД Загреб, се одржа редовната прес-конференција.

Веселин Вујовиќ: “За три дена одигравме две резултатски неизвесни средби. Денеска ние бевме подобри во првото, а Металург во второто полувреме. Металург покажа голема борбеност, но, Загреб докажа дека е за толку подобар. Сега се вртиме кон обврските во Лигата на шампионите. Сите си имаме свои грижи“.

Леон Шушња:Во првото полувреме одигравме добро во одбраната, а реализиравме и лесни голови. Потоа ни падна концентрацијата и тоа го искористи Металург, па се врати во игра. Но, најважна е победата“.

Лино Червар: “Му честитам на Загреб на победата. Подобри се и тоа не е спорно. Им посакувам среќа во Лигата на шампионите, каде ќе играат со Колдинг, како ние минатата година, и се надевам дека ќе го добијат. На моите момци не им беше лесно да одиграат два меча против ваков противник за само три дена. Тоа е многу. Се надевам дека научивме многу, но има уште доста проблеми кои мораат да се решаваат во од. Имаме уште неколку натпревари од СЕХА-лигата, а потоа ќе се подготвуваме за македонското првенство. Кога ќе се собере се, задоволен сум“.

Борјан Маџовски: “Одигравме лошо прво полувреме, со многу технички грешки. Во одбрана ни недостасуваше борбеноста од првиот меч. Во второто полувреме ја засиливме одбраната, бевме поангажирани, но не успеавме до крај“.

Фото:

Прочитано 1.810 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2