Преспа имаше сили за само едно полувреме, Металург 2 со нови плејоф-бодови

09.03.2019 22:38
_DSC0238_resize

Во второто коло од плеј-офот на Првата лига, во Автокоманда Металург 2 го совлада тимот на Преспа и освои нови бодови на својот пат кон македонската Суперлига.

Металург 2 победи со резултат 31:24 (11:10), во натпревар во кој противникот имаше сили за само едно полувреме.

Во првиот дел видовме рамноправен натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди и свои водства. Гостинскиот тим се покажа како цврст противник, кој дојде без “бело знаме“ и кој направи се за да дојде до посакуваниот успех. Првиот дел го добивме со минимални 11:10.

Се се смени во вторите 30 минути. Металург 2 го забрза темпото и веќе по првите десетина минути воспостави целосна контрола врз натпреварот. До израз дојде младоста, брзината, но и квалитетот на нашите ракометари, кои во два наврати стигнаа и до за денеска максималните 8 гола предност.

По две одиграни кола, Металург 2 има максимален број на освоени бодови и го дели врвот на табелата со тимот на Работнички, а негов следен предизвик е гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П., во рамките на третото коло.

.

РК Металург 2 – РК Преспа 2015  31:24 (11:10)

РК Металург 2: Божиновски, Василевски, Мијатовиќ, Михајлов 4, Кондев 1, Кофилоски 4, Митиќ 2, Лембанов, Ристовски 5, Серафимов 4, Л.Додиќ 1, Гогов 1, Младеновиќ 1, Тодески 2, С.Додиќ 4 и Гајиќ 2.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања:  8 минути.

РК Преспа 2015: Ставревски, Шиклевски 5, Андоновски 2, Шабејиновски 2, Ѓоргиевски, Мирков 2, Гошевски 3, Касовски 1, Савевски 1, Машковски, Михајли 1, Ристевски, Стефановски, Тасевски 1, Даскаловски 6 и Беличевски.    Седмерци: 6/6.    Исклучувања:  8 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

 

Прочитано 269 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 9