ПРИЛЕП ГО СОВЛАДА МЕТАЛУРГ 2 И ВО СКОПЈЕ

07.12.2014 21:39
_DSC0115_resize

za tekst

Металург 2 денеска доживеа непријатен пораз во својата сала. Поразени сме од екипата на Прилеп, со резултат 24:27 (14:15).

Иако нашите ракометари се подготвуваа за реванш, по скандалозниот пораз во Прилеп, на крајот моравме да се соочиме со нов пораз. За жал, денеска не функционираше ништо во нашиот тим. Бевме пропусливи во одбраната и неефикасни во нападот. Почетокот ни припадна нам, поведовме со 3:0, но, потоа прилепчаните направија серија од 7:1, и го презедоа водството, кое го задржаа во наредните половина час. Полувремето заврши со минимална предност на противникот, 14:15.

Во второто полувреме се разви жестока борба. Металург го нападна голот на гостите од Прилеп и во 49. минута го врати водството во свој посед, 23:22. Последен пат водевме при резултат 24:23, а потоа гостите направија нова серија, овој пат од 4:0, и го завршија натпреварот со позитива од три гола, 24:27.

Една од причините за нашиот пораз се петте промашени седмерци, кои ги изведоа пет различни наши ракометари.

Металург 2 – Прилеп 24:27 (14:15)

Металург 2: Блажевски, Даниловски, Бошковски, Бешлиевски 1, Бој.Маџовски 1, Костески 5, Гроздановски, Манасков 6, Велковски, Маркудов, Ставридис, Давитковски 1, Матијашиќ, Борј.Маџовски 6, Крстевски 2 и Палевски 2.      Седмерци: 2/7.   Исклучувања: 8 минути.

Прилеп: Михајлески, Тодоровски, Митревски, Ѓорѓиевски 3, Петковски 4, Цветковски 1, Мојсоски 6, Спасески, Трајкоски, Бозароски 3, Велески, Стефановски, Ангеловски 8, Божиновски, Талевски 2 и Јанески.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 1.683 пати

(1) Коментар

  1. Mnogu loso igra vo napadot za sto se svedoci i 24-te postignati pogodoci.Neverojatno e trenerot Jovic da go promeni izveduvacot na penalot posle uspesno realiziraniot sedmerec na Manaskov.Edinstvena svetla tocka na denesniot mec bese prviot golman Nikola Danilovski koj go drzese rezultatot vo egal se do samiot kraj.

Напишете коментар


2 + = 8