Пристигна и Халил Јагањац

09.08.2018 10:52
_DSC0101_resize

Со вчерашниот вечерен лет, во Скопје пристигна и Халил Јагањац, кој утрово му се приклучи на Металург и замина на подготовките во Маврово.

Најдобриот стрелец во минатата сезона на СЕХА-лигата беше и дел од јуниорската репрезентација на Хрватска на јуниорското ЕП во Словенија, но доживеа мала повреда и не настапи на последните три натпревари за својата репрезентација.

Јагањац од Металург доби неколку дополнителни денови за одмор, па дури денеска му се приклучи на својот тим.

Прочитано 348 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 2