ПРИЗНАНИЕ ОД “БЕКСТЕЈЏ“ – ЛИНО ЧЕРВАР Е ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО 2013 ГОДИНА

07.11.2013 13:47
RED_5531

za tekst

Во присуство на голем број пријатели, соработници, спортисти, водители, уметници, актери, политичари и бизнисмени, гламурозно, како и секоја година, естрадниот магазин “Бекстејџ“ го прослави својот петти роденден.

Прославата се одржа во Музејот на македонската борба и државност, каде екипата на “Бекстејџ пристигна со автобус на ЈСП, брендиран со логото на емисијата.

1391766_604997049563925_1490731664_n_resize

Петте години на постоење, 1256-те емисии и дневната гледаност од над 200.000 гледачи, направија “Бекстејџ“ да стане препознатлив македонски бренд, најгледан и најпопуларен естраден магазин во нашата земја.

“Цели пет години се боревме со турските серии, се боревме за подобро место во етерот, и затоа сме се уште успешни. Цели пет години само Бекстејџ имаше време за македонската музика, спортот, забавата, културата… Ние не постоиме за инает, постоиме поради вас, да не бевте вие, ќе не немаше и нас”, изјави главниот и одговорен уредник на емисијата, Александар Блажевски.

5-години-бекстејџ-10_resize

“Бекстејџ“ е медиумски партнер на Металург и значаен промотор на нашиот клуб и затоа со посебно задоволство им го честитаме петтиот роденден, со желба да им го честитаме и стотиот…

На прославата беа доделени и повеќе признанија, а едно од нив доби и шефот на стручниот штаб на Металург, Лино Червар, кој е прогласен за најдобар тренер во 2013 година.

RED_5531_resize

– Не е важно колку си добар, важно е колку добар сакаш да бидеш. Вие преживеавте пет години затоа што сте способни, а ќе живеете уште сто години затоа што ќе имате карактер. Би ми било драго и натаму да го пратите македонскиот ракомет и ракометниот клуб Металург. Ви благодарам, истакна Лино Червар.

Фото:

Прочитано 1.231 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 7 =