Проблеми во СЕХА-лигата: Откажаа екипите од Словенија, а откажа и Веспрем

25.07.2018 15:52
images_resize

Новата сезона на СЕХА-лигата ќе донесе натпревари со редуциран квалитет, откако стана јасно дека во лигата нема да настапат екипите од Словенија. Дополнително, денеска своето учество го откажа и екипата на Веспрем.

Словенечките екипи оваа година му дадоа предност на домашното првенство, додека Веспрем своето неучество го образложи со опстојувањето на стариот систем на натпреварувањето во СЕХА-лигата, односно со големиот број на натпревари, 18.

За жал, Веспрем нема да се натпреварува во СЕХА-лигата во сезоната 2018/19, иако од спортски аспект учеството можеби ќе значеше многу, а нашите фанови ќе можеа да гледаат повеќе интересни натпревари. За да можеме да учествуваме, ние уште во текот на пролетта побаравме од СЕХА-лигата да се промени системот на натпреварување, односно да се формираат две групи од по шест тима, по што најдобрите би разигрувале меѓу себе. На Ф4 турнирот во Келн имавме и вербален договор, но од СЕХА-лигата сега бевме известени дека двете словенечки екипи нема да учествуваат, па новиот систем нема да може да се воспостави, туку ќе се продолжи по стариот, со лига од десет екипи од кои најдобрите четири ќе играат фајналфор. За жал, тоа не ни оди во прилог бидејќи ќе значи губење на многу време за патувања за околу 20 натпревари сезонава, поради што сме принудени да го откажеме учеството“, се вели во соопштението на Веспрем, кој е двоен шампион на СЕХА-лигата.

По овие откажувања, СЕХА-лигата ќе мора да бара други алтернативи.

Прочитано 157 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =