ПРОГЛАСЕНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ ЗА 2012 ГОДИНА

28.01.2013 23:44
promotor_resize
Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ)и Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги прогласија најдобрите спортисти за 2012 година. Нашиот ракометар Наумче Мојсовски во машка и златната параолимпијка, Оливера Наковска Бикова, во женска конкуренција, се  најуспешните спортисти за минатата година.
.
 “Се надевам дека нема тука да застанам. Во 2012 ми се случија многу убави работи на репрезентативен и клупски план, 2013 не започна баш најдобро но се надевам дека и таа ќе биде успешна како претходната година“, рече Наумче Мојсовски.

Металург го доби и признанието за спортски промотор на Република Македонија.

Добитници на награди по категории:

  • 1. Спортист: Наумче Мојсовски – ракомет
  • 2. Спортистка: Оливера Наковска – Бикова – стрелаштво
  • 3. Најдобар спортист во странство: Кирил Лазаров – ракомет
  • 4. Најуспешна репрезентација (мажи): Ракомет
  • 5. Најуспешна репрезентација (жени): Ракомет (сениорки)
  • 6. Најуспешен тренер – селектор: Бранимир Јовановски – стрелаштво
  • 7. Млада спортистка: Симона Заборска – карате
  • 8. Награди за спортски промотори на Република Македонија добија РК Металург, фудбалерот на Марибор и македонски репрезентативец Агим Ибраими и најдобриот македонски фудбалски судија Алесандар Ставрев
  • 9. Постхумно награди добија Славе Атанасов и Александар Атанасовски-Мац.

Фотогалерија:

 

Прочитано 1.031 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 3 =