Пролет направи сензација и го совлада Металург

05.03.2021 20:47
пролет-металург1-1-of-4_resize

Уште во првото плејоф коло во македонската Суперлига се случи и првиот сензационален резултат. Тимот на Пролет го совлада Металург, со резултат 29:26 (16:12).

За жал, Металург одигра исклучително лош натпревар во кој имаше негатива во текот на целата средба.

Слабостите на нашиот тим максимално ги искори домаќинот на денешната средба, кој уште од самиот почеток создаде опиплива предност и не ја испушти до самиот крај. Металург се обидуваше да се врати во игра, во еден момент дојде и на растојание од само еден гол, 12:11, но честите грешки, слабата одбрана и јаловиот напад, не ни дозволија да направиме пресврт.

За жал, се повторија бројните грешки што се провлекуваат веќе подолго време, а кои овој пат не чинат лош старт во плејоф-фазата.

Во следното коло ќе и гостуваме на екипата на Струга.

.

РК Пролет – Металург  29:26 (16:12)

РК Пролет: Ангелов, Цветковски, Кристо, Ф.Василевски, Аларов 3, Давиотковски, Димов 3, Андоновски 7, Џонов, Мајнов, Дамчевски, А.Василевски, Потиќ 5, Палевски 2, Пејовиќ 4 и Пецаковски 5.    Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 2 минути.

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Петковски, Поповиќ 3, Кофилоски, Шилегов 2, Хорват 4, Калуѓеровиќ 10, Серафимов 2, Лазаревски 1, Тарабокија 2, Митиќ, Рниќ и Додиќ 2.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Делегат: Ацо Николов

Прочитано 369 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + 3 =