ПРОСТАЧКИ ИСПАД НА ФРУСТРИРАНИОТ ВУЈОВИЌ

17.05.2012 10:02
cache

Непријатен инцидент се случи вчера во С.А.“Борис Трајковски“. Во момент кога вардаровите ракометари го завршуваа својот а пак играчите на Металург го почнуваа својот тренинг, Веселин Вујовиќ, од ништо не предизвикан, се обиде физички да се пресмета со помошникот тренер на Металург Александар Петровски. Од како беа раздвоени, Вујовиќ, заборавајки го основното домашно воспитување, погрдно му се обрати и на тренерот на Металург, Лино Червар, упатувајки му сериозни закани.

Дека Вујовиќ е конфликтна личност познато е од поодамна. Со него се поврзани голем број инциденти, казни, црвени картони буквално секаде каде играл или бил тренер. Неоспорен тренерски талент, тој своите фрустрации често ги искажува на насилен начин. А токму Металург е негова стара фрустрација која по секој пораз се посилно избива на површина и скоро не се памети натпревар меѓу нашите два најдобри клуба кој заврши без хистерични реакции на црногорскиот стратег.

Време е нешто да преземе и дисциплинската комисија која пред десетина дена само го опомена Вујовиќ за неговото вулгарно однесување кон делегатот на средбата…претпоставувате, против Металург.

Однесувањето на Веселин Вујовиќ, на само два дена од финалниот турнир во Купот на Македонија, е и негов обид за зголемување на тензиите и веројатно негов обид да се заплаши водството и тимот на Металург. Сепак, Вујовиќ не е тој калибар кој може некому да му влее страв а Металург ќе најде начин да ги заштити и своите тренери и своите ракометари.

Еве ја и изјавата на Александар Петровски:

Чекавме да почне нашиот тренинг. Вујовиќ дојде и без никаква причина ме турна и се обиде физички да се пресмета со мене. Потоа, на Лино Червар, кој е тренер со медали од Олимпијади и од светски и од европски првенства му рече дека ќе плати 10 илјади евра за да го пикнат во гепек и да му го откинат носот. Сакам да прашам до кога ќе се толерира ова однесување на Вујовиќ, кој многупати во кариерата има добивано црвени картони и поради неговото однесување ги водел екипите од трибината. Се чудам и не можам да го сфатам ова. Сакам за ова да реагира РФМ, зашто вакви работи се правеа пред 30 години“, изјави за Канал 5, помошникот Петровски.

Прочитано 1.371 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 11